Утрински Весник
Македонија

„Ауди“ полно со мигранти удри во полициско возило, еден загинат и неколкумина повредени

Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Синоќа во 22.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучка Радовиш, патничко возило „ауди Q7“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, во кое се превезувале 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР.

На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во периодот од 22.40 до 23.40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество