Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли сака да се пресели во Велика Британија со децата

Анџелина Џоли сака да се пресели во Велика Британија со децата

Aнџелина Џoли планира да се пресели заедно со своите шест деца во Лондон, каде што некогаш живеела со поранешниот сопруг Бред Пит.

Британските таблоиди цитираат извор близок до актерката и хуманитарка (45), кој тврди дека таа сака да го почне животот одново во Ричмонд, богато предградие во југозападен Лондон, каде што живеела со Пит (56) додека снимала во Англија во 2011 година.

Џоли и Пит, некогашната златна двојка на Холивуд, се правно разведени, но сè уште се занимаваат со некои од условите на формалната разделба, што вклучува финансии и старателство над децата. Таа битка трае речиси четири години.

„Џоли беше многу отворена во врска со желбата да живее во странство со децата, но таа и Пит остануваат заплеткани во предолгиот развод. Таа верува дека Ричмонд е совршено опркужување за децата, од културна гледна точка и едукативно “, изјави еден инсајдер за „Мирор“.

Пред да заврши 12-годишната врска на Џоли и Пит во 2016 година, во која се вклучени и две години брак, тие ги расшетуваа децата низ светот за да бидат со нив додека снимаат филмови и за да им обезбедат разновидно, глобално воспитување.

„Уживам да не сум во свој елемент. Сакам децата да растат во светот, не само да учат за него, туку да го живеат, да имаат пријатели насекаде“, рече Џоли во една прилика.

Џоли и Пит беа во врска повеќе од една деценија. Тие се зближија за време на снимањето на филмот Mr. & Mrs. Smith. Својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година.

Заедно имаат три биолошки и три посвоени деца: Шилох (14), близнаците Вивиен и Нокс (12), Медокс (19), Пакс (16) и Захара (15).

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

“На Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв” – По бурните реакции повторно се огласи Бебе Раџа

И Дуа Липа во Косово – Со пријателите од Велика Британија “летаа” двоглав орел на фестивалот кој сама го организираше

Очекувајте светско шоу: Лени Кравиц со спектакуларен концерт викендов во Охрид