Утрински Весник
Свет
Img 7972

ЕУ уште еднаш ја предупреди Турција да ги прекине истражувањата во Медитеранот

ЕУ уште еднаш ја предупреди Турција да ги прекине истражувањата во Медитеранот
Img 7972

Турција денеска доби уште едно предупредување од Европската Унија, откако најави дека нејзиниот истражувачки брод Јавуз ќе продолжи со операциите во спорните води на Медитеранот, близу Кипар, до средината на септември.

Бродот Јавуз ќе биде во придружба на уште три турски брода, иако во предупредувањето од ЕУ, се вели дека сите бродови недвосмислено се предупредуваат да не пловат во тоа подрачје, пренесува Ројтерс.

Спорот меѓу Турција и Грција се интензивира минатата недела поради правата за истражување на наоѓалишта на нафта и гас во Медитеранот, дури дојде и до помал судир меѓу грчки и турски бродови.

„Турските планови за истражување на нафтени резерви во Медитеранот се однесуваат и на делови на морскиот појас кој му припаѓа на Египет, односно на Кипар и тоа дополнително ги поддигнува тензиите“ предупреди европскиот шеф на дипломатијата, Жозеп Борел и ја повика Турција без одлагања да ги прекине сите активности во тој дел на Медитеранот и да започне дијалог.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека јазикот на закани и санкции нема да ја одвратат Турција од намерата да ги заштити своите законски права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа

Стотина Палестинци пуштени од израелските затвори, се слави во Рамала и Газа