Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија и пукање на плажа од луксузен хотел во Могадишу

(Видео) Експлозија и пукање на плажа од луксузен хотел во Могадишу

Во близина на луксузниот хотел „Елит“ на плажа во Могадишу експлодирал автомобил бомба, по што дошло до големи пукотници меѓу две страни, соопшти полицијата во Сомалија.

Според информациите од полицијата, во текот на денот се слушала долга размена на оган внатре во новоизградениот хотел, во кој доаѓаат младите од елитните кругови на сомалиската престолнина, пренесува АП.

Засега нема информации за бројот на жртвите од овој напад, кој го прекина повеќемесечното примирје.

Сомалиските муслимански екстремисти, бунтовници ал-Шабаб, поврзани со ал-Каеда, често организираат вакви напади во Могадишу.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите

Палестинската управа формира нова влада