Утрински Весник
Македонија

(Ведео) Арсовски: Знаат ли СДСМ колку болници ќе се изградеа со парите што ги земаа преку струмичката агенција?

(Ведео) Арсовски: Знаат ли СДСМ колку болници ќе се изградеа со парите што ги земаа преку струмичката агенција?

Приватна агенција за обезбедување од Струмица земала тендери во висина од над 21 милион евра за само 2 години, каде што отворено се сомневаме дека профитот го дели со семејството Заеви и СДСМ, порача на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„17 милиони евра тендери од универзалниот снабдувач за електрична енергија легнале на контото на струмичката агенција за обезбедување, а за сметка на тоа денес граѓаните имаат покачена електрична енергија. Едноставно, покачена е цената на електричната енергија за да може да профитира семејството Заеви“, обвини тој.

Арсовски нагласи дека уште 4 милиони евра оваа струмичка фирма земала од државата за услуги за обезбедување, некаде и во абнормални услови каде што самите институции имаат чуварски служби.

Врз основа на овие обвинувања, на денешната прес-конференција Арсовски јавно упати неколку прашања и рече дека одговорите ги очекува од СДСМ и од надлежните институции.

„Доколку Заеви не беа толку алчни да делат огромни профити на грбот на граѓаните, свесни ли се колку болници ќе се реконструираа со овие 21 милион евра? Свесни ли се колку градинки и училишта, каде што учат деца, ќе се реновираа и изградеа? Свесни ли се дека со 21 милион евра ќе се купеле десетици и десетици болнички возила кои секојдневно недостасуваат, а СДСМ ги ветуваше пред да дојде на власт?“, запраша партискиот портпарол и порача дека за жал, реалноста е оти алчноста и криминогените дејанија преовладуваат во СДСМ и кај Зоран Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел