Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Кокаин и марихуана пронајдени кај туристи во Струга

Кокаин и марихуана пронајдени кај туристи во Струга
Img 7972

Во одделни случаи во текот на вчерашниот ден, струшката полиција пронашла кокаин и марихуана, кај скопјанец и штипјанец кои за време на викендот престојувале во градот.

Во првиот случај во 22.40 часот на струшката улица „Владо Малески“, полицијата уапсила 33-годишен скопјанец, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Нешто подоцна, односно 35 минути по полноќ, во близина на хотел во струшкото село Калишта, полицијата уапсила 22-годишник од Штип, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Двајцата посетители биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Димитриевски: Куманово прераснува во регионален економски центар

Филипче: Со Вачно Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија