Утрински Весник
Македонија

Во Битолско украдени над 200 тони пченица во вредност од 50.000 евра

Во Битолско украдени над 200 тони пченица во вредност од 50.000 евра

Во попладневните часови на 13 август, 48-годишен битолчанец во полиција пријавил кражба на 200 до 240 тони пченица.

Според пријавеното, во периодот од 25 јули до 13 август, од парцели во сопственост на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, во атарот на работната единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на пченица во вредност од околу 50.000 евра.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда

Честитки за победата на претседателските избори до Сиљановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа