Утрински Весник
Култура

Доделени наградите на Фестивалот за европски анимиран филм – Flipbook Film Festival

Доделени наградите на Фестивалот за европски анимиран филм – Flipbook Film Festival

Со доделување на наградите, заврши првото издание на Фестивалот за Европски авторски анимиран филм Flipbook Film Festival кој се одржа од 11 до 13 август 2020 година во Младинскиот Културен Центар.

Жирито во состав Катрин Новаковиќ, Катерина Стојановски и Гоце Господиновски, наградата за најдобар филм во главната конкуренција му ја додели на филмот Sh_t Happens на режисерите Михаела Михали и Давид Штумф.

Во истата категорија, жирито додели специјална награда на македонскиот филм Карантин во режија на Иван Андреевски.

Наградата на онлајн публиката која гласаше за филмовите на Cinesquare му припадна на филмот Ќерка во режија на Дариа Кашчеева.

Во студентската селекција, наградата за најдобар филм му припадна на Cockpera на хрватската авторка Ката Гугиќ, а специјалната награда од жирито на филмот The Kite. За најдобар анимиран документарен филм беше прогласен Carlotta’s face, а специјалната награда од жирито му беше доделена на Macka je uvek zenska на режисерките Мартина Мештровиќ и Тања Вујашиновиќ од Хрватска.

Ова се образложенијата од жирито за наградите:

SH_T HAPPENS

Овој мал голем филм, со навидум толку лесен стил ќе ве замисли дали случајно не гледате некоја комерцијална анимација од високо буџетно студио. Преку совршениот спој на носталгична анимација и траги – комичен наратив дава една интимна перспектива на секогаш актуелните дуалитети на човековото постоење: љубов – стаст, живот – смрт, смисла и апсурд. Едно потсетување на чешката и словачката анимациска доминација од едно друго време која полека но сигурно се враќа.

QUARANTINE (специјална награда)

Со интересна техника која ги меша естетиките на традиционалната стоп и современата 3Д компјутерска анимација, овој краток филм не води во еден за секого многу присутен амбиент, но,преку комична призма која барем за миг ни дозволува да се насмееме и малку да издишеме од нашето загушувачко секојдневие. Мајсторски сработена анимација од еден млад автор која укажувана тоа дека златното време на македонскиот анимиран филм е пред нас.

Студентски: COCKPERA

Храбра цртачка техника со динамична но, елегантна анимација. Хумор и еротизам кои го трансцендираат цртежот од кој произлегуваат. Скокајќи помеѓу неколку жанрови и медиуми успева да ја плени целокупната перцепција. Овој студентски филм, како да излегува од златните денови на загрепската анимација, но со младешка полетност на денешницата, најавувајќи нова доминација на хрватскиот анимиран филм.

THE KITE (специјална награда)

Чешка стоп анимација во најдобро светло. Одличен карактер и сет дизајн. Суптилната анимација успева да ја пренесе меѓучовечката блискост и врските кои го надминуваат време-просторот, животот и потоа. Филм кој ги поместува линиите меѓу студентска и професионална продукција. Традицијата на Јиржи Трнка успешно продолжува.

Анимиран документарен филм: CARLOTTA’S FACE

Филмот е сработен со уметнички израз кој се надоврзува на нарацијата и создава еден амалгам од дело и документ. Дозволува интимно да го доживееме наративот низ кој не води и создава сочуство со носителот на дејството.

A CAT IS ALWAYS FEMALE (специјална награда)

Еден успешен анимиран превод на скулпторскиот медиум. Фрла светло на борбата за креативен израз и родова еднаквост во професија и време под машка доминација. Храбро впуштање на анимацијата во водите на документарниот филм но, и скулпторскиот медиум.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“