Утрински Весник
Култура

Mакедонскиот филм „Ќе му се јавам на татко ти“ во селекција на Сараево филм фестивал

Mакедонскиот филм „Ќе му се јавам на татко ти“ во селекција на Сараево филм фестивал

Македонскиот краткометражен филм „Ќе му се јавам на татко ти“ во режија на Леон Ристов е дел од селекцијата на годинешното издание на Сараево филм фестивал и воедно ја има својата светска премиера.

Филмот кој е е по сценарио и режија на Леон Ристов и во продукција на Џолев и уметностите, ќе биде прикажан утре во рамките на фестивалот кој годинава се одржува онлајн.

Филмот го следи средношколецот Дамјан (Александар Андоновски) кој го среќаваме претепан од страна на маалски врсници. По сознавање на околностите, мајка му на Дамјан (Николина Кујача) е убедена дека проблемот нема цивилизирано решение. Таа му јавува на својот поранешен сопруг (Оливер Митковски) да се справи со ситуацијата.

Филмот ќе биде дел одселекцијата Teen Arena, која прикажува филмови што го испитуваат односот помеѓу тинејџерите и светот. За прв пат во историјата, Сараево филм фестивал ќе се одвива комплетно виртуелно. Со почеток во сабота (15.08) па се до крајот на фестивалот (22.08), „Ќе му се јавам на татко ти“ќе биде достапен за онлајн изнајмување на веб страната ondemand.sff.ba од секаде низ светот.

„Идејата за филмот ја добив додека бев во првата година од филмските студии на Wesleyan University во САД, каде што студирам со целосна стипендија веќе триг одини. Дознав дека кариерниот центар при Wesleyan нуди летни грантови за искуства кои би го унапредиле професионалниот развој на студентите. Оттука, решив да аплицирам за овој грант со филмот и успеав да го добијам. Скромната сума ја посветив на повратен лет и квалитетна опрема. Снимавме три дена во населбата Аеродром и во симпатично уредениот стан на мојата баба. Најдрага ми беше довербата од страна искусни професионалци како што се актерите Николина Кујача и Оливер Митковски и директорот на фотографија Владимир Димоски. Со нив се запознав за прв пат со тоа што им го испратив сценариото за проектот. Фактот дека ја прифатија соработката со мене ми потврди дека имаме шанса да создадеме квалитетен филм.“– изјави Ристов.

Леон Ристов – режисер на филмот „Ќе му се јавам на татко ти“

„Ќе му се јавам на татко ти“ е независна филмска продукција. Проектот е целосно финансиран од странана Wesleyan Summer Grants, во продукција на Џолев и уметностите, со постпродукциска поддршка од Machina Production Skopje.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“