По информациите дека повторно е потребна помош за охриѓанецот Тачо, концертот на Камелеон кој е закажан за недела ќе добие хуманитарна нишка, и во рамките на истиот ќе се собираат средства за помош на Трајан Целески- Тачо.
„Во соработка со охридскиот Црвен крст ќе организираме неколку пунктови на кои ќе се собираат средства. Посебно обележани кутии ќе бидат поставени на сите бродови, како и на самиот влез на настанот. Се надеваме дека сите заедно ќе помогнеме да се спаси животот на нашиот Тачо“, порачуваат организаторите.
Пред 2 години Тачо се избори со тумор на мозокот, но болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба е лоша. За повторно да ја победи болеста и да прими соодветна терапија потребни се околу 20. 000 евра. Сите граѓани можат да донираат и на бројот за донации: 143 133 Т-mobile, како и на трансакционата сметка: 500600018999581 – Ристо Целески Стопанска банка АД.
Големиот концерт на групата Камелеон – Езерската РОК симфонија, кој ќе се одржи во недела, на 16-ти август на Градското пристаниште во Охрид.
Бројот на билетите е ограничен, па затоа сите кои сакаат да бидат дел од овој настан можат да го резервираат својот билет на броевите од бродовите или катамараните – брод „Армада“ 075/420-401, брод „Галеб“ 070/307-359, бродови „Александрија 1 и 2“ 077/854-758, брод „Кристина“ 078/816-766 и катамарани 078/697-031. Цената за следење на концертот од брод е 300 денари, а од катамаран 600 денари.
Најголемите хитови на Камелеон за оваа прилика ќе бидат изведени со посебни аранжмани и поддршка на Камерниот оркестар од Битола, хорот Vox Lychnidos, Ѓоко Танески, Жармена, Теодор Љушкоски, Горан Папаз и Никола Тони.
Концертот ќе се одржи согласно сите важечки протоколи за одржување на јавни настани.