Утрински Весник
Свет

Во Хрватска втор најлош ден од почетокот на епидемијата, во Србија 254 новозаразени

Нова мерка во Црна Гора: самоизолација од 21 ден по контакт со заболен
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 130 новозаразени со коронавирус, така што во моментов 686 активни случаи, вклучително и 35 здравствени работници.

Осум пациенти се на респиратор, соопшти на прес-конференција Националниот штаб.

Хрватските медиуми посочуваат дека голем дел од новите случаи со вирусот се заразиле во ноќни клубови во Далмација, порад што од Националниот штаб денеска посочија дека вчера биле сменети препораките за ноќните клубови, со забелешка дека не треба да работат затворените делови.

Вкупниот број на инфицирани од почетокот на пандемијата е 5.870, 2.297 лица се во самоизолација, а досега се направени 132.229 тестови.

Ова е втор најлош ден во однос на бројот на новозаразени лица од уште од почетокот на епидемијата – повеќе заразени биле регистрирани само на 11 јули кога во Хрватска биле забележани 140 случаи, пренесува „Јутарњи лист“.

Во Србија, пак, во изминатите 24 часа биле тестирани 8.768 лица, а 254 од нив биле позитивни. Регистрирани се и шест смртни случаи како резултат на компликации од Ковид-19.

Според податоците на српското Министерството за здравство, моментно на респиратор има 87 пациенти. Во однос на вчерашниот ден, тоа е намалување за четири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија

Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина

Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави