Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Осуденик од затвор планирал терористички напад

Осуденик од затвор планирал терористички напад
300x250 opst2

Австриец со албанско потекло Лоренц К, по две години повторно планирал терористички напади, но овој пат од затвор.Тој пред две години во Виена бил осуден на девет години затвор за поттикнување на Германец да изврши терористички напад на Божиќниот пазар во Лудвигшафен, кој исто така планирал и самостојни напади во име на Исламската држава.

Лоренц, кој наполни 21 година, имал забранет пристап до мобилен телефон со Интернет. Од почетокот на ноември минатата година, според сознанијата на Службата за заштита на уставноста и борба против тероризам (БВТ), под псевдонимот Калид Интиками, имал профил на Инстаграм каде контактирал со поддржувачи на Исламската држава.

Преку Инстаграм, но и на други канали, тој вршел и пропаганда за Исламска држава. Според БВТ, тој се обидел преку социјалните мрежи да поттикне еден Германецот да изврши терористички напад во Германија или Австрија, нудејќи му упатства за правење експлозиви.

Државното обвинителство во Грац започна истрага, но не сака да го коментира овој случај.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД