Утрински Весник
Македонија

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник.

Како што информираат од МВР, непосредно пред полноќ во скопското село се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикл „пиаџо“, без регистарски ознаки, управуван од 18-годишен скопјанец, на кој се превезувала и 17-годишна малолетничка од Скопје и мотоцикл „малагути“, без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од селото Јурумлери, на кој како сопатник се превезувал и 15-годишник.

На местото на незгодата од лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист од Јурумлери била констатирана смрт, додека останатите се здобиле со тешки повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.

На местото на незгодата бил извршен увид од екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег