Утрински Весник
Македонија

Продолжува кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање на остатоците од берба од нивите

Продолжува кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање на остатоците од берба од нивите

Град Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат можноста за бесплатно собирање на остатоците од бербата, со што ќе се придонесе за спречување на палење на стрништата.

„Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион“, информираат градските власти.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, градот како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа мерка, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад.

Скопје е прва единица на локалната самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Родители се степале откако дете било удрено со пластично шише

Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

Охриѓанка приведена, ја нападнала 72-годишната свекрва