Утрински Весник
Свет

Трамп: Американците ќе мора да учат кинески ако победи Бајден

Трамп: Американците ќе мора да учат кинески ако победи Бајден

Американците ќе треба да учат кинески ако Џо Бајден биде избран за претседател на САД, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во радиоинтервју за конзервативно ориентираниот новинар Хуго Хевит, тој зборуваше за себе во трето лице еднина, пренесува „Си-ен-ен“.

„САД ќе бидат во сопственост на Кина ако Трамп загуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. Вие ќе мора да научите кинески”, рече Трамп.

Односите меѓу САД и Кина се во средиштето на предизборната кампања на републиканецот Трамп и демократот Бајден. Трамп ја обвини Кина за ширење на коронавирусот и прикривање информации за вирусот, а неговата администрација повлече неколку потези што доведоа до тензии во односите со Кина, пишува „Си-ен-ен“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина

Ужас во Германија: Тело на бебе пронајдено во ѓубре во објект за преработка на отпад

Украина се согласи на мировен договор со Русија