Утрински Весник
Магазин

(Видео) Гитарата на Џими Хендрикс продадена на аукција за 216.000 долари

(Видео) Гитарата на Џими Хендрикс продадена на аукција за 216.000 долари

Гитарата, на која свирел Џими Хендрикс во раните 60-ти години, е продадена на аукција за 216.000 долари – четирипати повеќе од почетната цена, пишува „Ролинг стоун“.

Хендрикс почнал да свири на таа јапонска гитара кога бил отпуштен од американската армија во 1962 година, наведува GWS Auctions.

„По напуштањето на Форт Кембел, Џими кратко се пресели во Кларксвил, Тенеси, каде што свиреше со Вилсон Пикет, Слим Харп, Сем Кук, Ајк и Тина Тарнер пред да се пресели во Харлем, Њујорк, на почетокот на 1964 година. Тој останал таму две години свирејќи во Cafe Wha и во клубот ’Гепард’“, се вели во соопштението на аукциската куќа.

Гитарата била во сопственост на Џими додека тој настапувал кратко време со „Ајсли брадерс“, како и со Џими Џејмс и „Блу флејмс“. Меѓутоа, кога ги напуштил САД, инструментот го оставил во Њујорк во станот на својот пријател Мајк Кваши, кој ги забележал податоците за гитарата непосредно пред смртта.

Гитарата првично е проценета на 50.000 американски долари за да се заврши наддавањето на 216.000 американски долари.

На аукцијата се продадени и 14-каратен златен прстен на Елвис Присли (22.500), чифт виолетови чизми на Принц (13.000) и црна јакна од Мајкл Џексон (20.000).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста