Утрински Весник
Свет

(Видео) Нова снимка од болница во Бејрут, експлозијата ги разнесе влезните врати

(Видео) Нова снимка од болница во Бејрут, експлозијата ги разнесе влезните врати
Dik 300x250 mk

На интернет се појавија нови снимки од надзорни камери кои ја регистрирале разорната експлозија во Бејрут.

На снимката се гледа моментот на експлозијата и ефектите од неа врз Медицинскиот центар Ризк во главниот град на Либан.

На снимките се гледаат и лекари и луѓе кои дошле да ги посетат пациентите, како се обидуваат да се заштитат од прчињата што се разлетаа низ просториите откако силината на експлозијата откорна повеќе врати во болнцата.

Како причината за катастрофата во Либан се наведува експлозија на амониум нитрат складиран во близина на пристаништето. Станува збор за кристална сол која се користи како азотно ѓубриво во земјоделството.

Експлозијата која се случи во близина на центарот на Бејрут, беше почувствувана низ целиот главен град. Дури и жителите на предградијата пријавиле дека ја слушнале експлозијата.

Според официјалните власти, бојката на загинати во големата експлозија која се случи пред точно една недела изнесува над 220 жртви.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Холандија добива прв геј премиер во историјата

Белата куќа ќе го ограничува пристапот за новинарите

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“