Утрински Весник
Магазин

(Видео) Жерард Батлер спортува во исчекување на премиерата на својот нов филм

(Видео) Жерард Батлер спортува во исчекување на премиерата на својот нов филм

Холивудскиот заводник Жерард Батлер создаде навика да сурфа на брановите на Малибу како начин да остане активен за време на пандемијата на Ковид-19.

Во неделата попладне тој реши да се одмори од плажа и да се префрли на копно за да вози велосипед во близина на Тихиот океан. За време на неговата екскурзија, шкотскиот актер (50) уживаше во прекрасните глетки и во уште еден пријатен летен ден во Јужна Калифорнија.

Ограничувањата на движење и другите превентивни мерки за лична безбедност сè уште се на сила во Лос Анџелес како последица на многуте нови случаи на коронавирус, а холивудските студија беа промирани да одложат повеќе продукции и премиери.

Американската премиера на најновиот филм на Батлер, „Гренланд“, беше одложена три пати летово и сега се очекува на 25 септември.

Апокалиптичната семејна драма во режија на Рик Роман Ваг веќе премиерно се претстави во Белгија и Франција, а во Скандинавија е закажана за 12 август.

„Гренланд“, во кој глумат Морена Бакарин и Скот Глен, е апокалиптична сторија за распаѓачка комета која паѓа на земјата срамнувајќи цели градови, што резултира во хаос и лудило низ цел свет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста