Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Париз воведе задолжителна обврска за маски на отворен простор

Париз воведе задолжителна обврска за маски на отворен простор
300x250 opst2

Властите во Париз денеска донесоа одлука за задолжително носење заштитни маски на бреговите на реките и каналите, како и на некои прометни улици во градот.

Париз е уште еден во низата француски градови кои воведоа задолжително носење маски во некои области на отворено.

Маските се задолжителни низ целата земја во повеќето простории на затворено, достапни за јавноста.

Франција повторно се соочува со зголемување на бројот на заразени. Во петокот вечерта, за 24 часа беа пријавени 2.228 нови случаи, но бројот на тешко болни лица на интензивна нега остана стабилен на 383.

На врвот на епидемијата, на почетокот на април, повеќе од 7.000 луѓе беа на интензивна нега.

Во Франција досега од Ковид-19 починале 30.324 лица.

Одлуката да се воведе задолжително носење маски на отворено ги подели експертите. Некои велат дека тоа ќе помогне да се спречи повторно разгорување на инфекцијата, додека други укажуваат на докази дека повеќето инфекции се случуваат на затворено.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините откако првиот однесе пет животи

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката