Утрински Весник
Македонија

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се одлучува како ќе почне учебната година од септември во услови на епидемија.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, минатата недела изјави дека до 1 септември има доволно време да се организира почетокот на учебната година и училиштата да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

Протоколите за основните и за средните училишта до Комисијата беа доставени во петокот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола