Утрински Весник
Свет

Турција трета земја во светот по развој на вакцина против коронавирус

Турција трета земја во светот по развој на вакцина против коронавирус

Турција постигна голем напредок во развојот на вакцина против коронавирус и лекови за вирусот, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На церемонијата на Научниот и технолошкиот совет на Турција, Ердоган рече дека успеале во тоа благодарение на соработката на државата со приватниот сектор и универзитетите.

„Турција стана трета земја во светот, по САД и Кина, која започна да ја развива вакцината. Тоа се податоците на Светската здравствена организација“, рече Ердоган, објави „Дејли сабах“.

Ердоган вели дека во моментот се работи на развојот на осум различни видови вакцини и десет медицински проекти, дека е завршено тестирањето на два вида вакцини врз животни и дека е одобрено тестирање врз луѓето за една од нив.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар по напад со дрон во близина на американскиот конзулат во Дубаи

Мерц: Иранската војна им штети на економиите, се надевам ќе заврши „што е можно поскоро“

Портпаролот на „Ашраф3“: Иран нема технички капацитет да ја нападне Албанија, тоа е пропаганда како дел од психолошка војна