Утрински Весник
Спорт

Лилард со 51 ги „крена“ Блејзерси до нова победа

Лилард со 51 ги „крена“ Блејзерси до нова победа

Портланд трејлблејзерс ја „оживеаја“ својата НБА сезона со 124:121 победа над Филаделфија благодарејќи на неверојатниот меч на Демијан Лилард, кој заврши со фантастични 51 поени.

Лилард се „оправда“ откако ги утна двете слободни фрлања со Лос Анџелес клиперс во саботата, постигнувајќи 15 од своите 51 поени во последните пет и пол минути за Портланд да продолжат со ловот на место во плејофот. За Сиксерси пак, по губењето на Бен Симонс поради повреда, ситуацијата се влоши кога Џоел Ембид го напушти теренот во првата четвртина со повреда на скочниот зглоб.

Сакраменто кингс, пак, веќе немаат шанси за плејофот, откако со 129:112 загубија од Хјусток рокитс. Остин Риверс имаше 41 поен за Рокитс да го подобрат скорот по рестартот на 4:1.

НБА

Портланд – Филаделфија 124:121

Сакраменто – Хјустон 112:129

ЛА Клиперс – Бруклин 120:129

> Лилард со 51 ги „крена“ Блејзерси до нова победа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига