Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала контакт со лице позитивно на Ковид-19. Таа соопшти дека се чувствува добро, нема никакви симптоми и дека првиот тест и бил негативен.
„По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми“, објави Сотирова – Бухова на официјалната веб-страница на ДСЗИ.
Таа додава дека првиот тест покажал дека е негативна, но по епидемолошката препорака, ќе остане дома.
„Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца. Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата“, наведува Сотирова – Бухова