Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германија ги предупреди граѓаните да не патуваат во Бугарија и Романија

Германија ги предупреди граѓаните да не патуваат во Бугарија и Романија
300x250 opst2

Германската влада ги предупреди граѓаните да не патуваат во Бугарија и Романија поради наглиот пораст на бројот на заразени со коронавирус во тие земји.

Новото предупредување, објавено на интернет, се однесува на подрачјата кои се популарни меѓу туристите, вклучително и Варна во Бугарија, каде се наоѓаат важни аеродроми.

Владата предупредува и да не се патува во бугарските места Благоевград и Добрич.

Бугарија е популарно одредиште за туристите од Русија, Валика Британија и Германија.

Бугарските власти за туризам ги отфрлаат обвинувањата дека не вовеле доволно заштитни мерки против ширење на вирусот.

За Романија пак, предупредувањата се однесуваат на окрузите Аргес, Бихор, Бузау, Неамт, Лаломита, Мехединти и Тимиш, но не и на популарните дестинации во Трансилванија и на Црното море.

Институтот Роберт Кох смета дека тие подрачја се со зголемен ризик. Туристите кои се враќаат од овие подрачја мораат од денеска да се тестираат за коронавирус.

Предупредувањето да не се патува во одредени подрачја не е забрана за патување, но има за цел да ги одврати луѓето од патување.

Германија досега издаде предупредување да не се патува во повеќе од 160 земјин, но само 130 се класифицирани како ризични.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

Европратениците ги отфрлија иницијативите за недоверба на Европската комисија

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа