Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Вработен во Македонска пошта во Тетовско крадел пари од сметка на пензионерка

Вработен во Македонска пошта во Тетовско крадел пари од сметка на пензионерка
Img 7972

Вработен во Македонска пошта – подружница Тетово, Долно Палчиште, неколку месеци крадел пари од сметката на пензионер. Против него е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот В.С.(32) од тетовско, во периодот од јануари до 28 април оваа година крадел пари од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примателка на пензија.

„Пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело „злоупотреба на лични податоци’’. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Северна Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал“, соопштија од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Со „бмв“ удрил во паркирано возило, а потоа во малолетен пешак