Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе учествува на заедничка средба со либанскиот претседател и другите светски лидери в недела за да разговара за помошта за Либан по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут.
Трамп на „Твитер“ објави дека разговарал со либанскиот претседател Мишел Аун и со францускиот претседател Емануел Макрон, кој, исто така, ќе учествува на средбата.
„Ќе одржиме видео конференција во недела со претседателот Макрон, либанските лидери и лидери од различни делови на светот. Секој сака да помогне!“, напиша Трамп.