Утрински Весник
Спорт

Добри вести од Полска, холандскиот велосипедист се разбуди од кома

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Холандскиот велосипедист, Фабио Јакобсен се разбуди од кома по два дена од тешкиот пад во завршницата на етапата на „Tour of Poland“ во Катовице. Болничките информации се дека наскоро би можело да биде пуштен на домашно лекување.

„Имаме добри вести од болницата. Фабио Јакобсен е сега надвор од кома и неговата општа состојба е добра“ напишаа организаторите на трката на Твитер.

„Пациентот е свесен, реагира на прашања, дише самостојно, се е нормално. Штом преживеа ваков пад, сигурно ќе му се врати на спортот затоа што нема невролошки симптоми“ велат и од болницата.

Јакобсен настрада во спринтот на крајот на етапата кога неговиот сонародник Дилан Греневеген неспортски го истурка од патеката. И самиот Греневеген заработи скршеница на клучната коска. Тој вчера се извини за случката.

„Не можам да пронајдам зборови за да опишам колку ми е жал за Фабио и останатите кои беа повредени. Постојано мислам на него и неговото здравје“ – рече тој.

Сепак информациите се дека ова не бил прв ваков неспортски потег на Холанѓанецот.

Греневеген е велосипедски „кретен“ – и тоа не му е првпат! (.)

> Добри вести од Полска, холандскиот велосипедист се разбуди од кома <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари