Утрински Весник
Свет
Img 7972

15 лица загинаа во свлечиште во Индија

15 лица загинаа во свлечиште во Индија
300x250 opst2

Во свлечиште предизвикано од тропски дождови загинаа најмалку 15 работници на полињата со чај во јужната индиска држава Керала, а спасувачките екипи трагаат по повеќе од 50 лица за кои се верува дека се закопани под урнатини, велат официјалните лица.

Свлечиштето се опојавило изутрината додека работниците спиеле во областа Идуки, изјави за Ројтерс еден од берачите на чај.

Петнаесет тела се извлечени досега и се стравува дека уште педесетина лица се заробени под свлечиштето. Еден тим на Националните сили за помош при катастрофи стигнал до местото на несреќата. Хеликоптерите не можат да бидат испратени бидејќи видливоста е многу лоша.

Речиси 20 сантиметри дожд паднале во областа Идуки во четвртокот, соопшти државниот метеоролошки институт.

„Областа беше погодена од дожд во текот на изминатите два дена и лизгањето на земјиштето започна по полноќ. Најтешко погодени беа работниците за плантажа со чај кои спиеја во тоа време“, изјави Сурескумар, началник на полицијата во округот.

Во 2018 година, Керала беше погодена од најголемите поплави кога загинаа стотици луѓе, од кои повеќето од областа Идуки, пренесува Ројтерс.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги