Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Поднесени над 2.200 барања за субвенции за клими, има средства за уште 3.000

Град Скопје: Поднесени над 2.200 барања за субвенции за клими, има средства за уште 3.000

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување се објавени на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“

Бугарија врати 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено присуство на пестициди

ЛДП: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор” е новата владина политика?! Владиниот партнер е најдобар кандидат за електронска нараквица!