Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е лицемерен кога се правда, тој во континуитет врши притисок и етикетира новинари

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го создаде најголемиот криминален октопод во регионот и Европа

„Зборовите на Заев не се искрени, туку напротив, ова е лицемерен став. Тој изминатите години остави печат на сите тужби и обвиненија врз новинари, вршеше прогон и етикетирање на медиуми и поминуваше несанкционирано физичко насилство врз новинари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „јавноста се уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес-конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите“.

„И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт