Утрински Весник
Свет

Охајo: Маж во црква заразил 91 лице

Охајo: Маж во црква заразил 91 лице

Човек заразен со коронавирус отишол во црква кон средината на јуни, по што се заразиле уште 91 лице, меѓу кои и 53 кои биле во црквата во тоа време.

Гувернерот на Охајо, Мајк Дивајн изјави дека инфекцијата се шири како шумски пожар и ги замоли граѓаните кои одат на миса да носат заштитни маски.

Во овој случај на ширење на коронавирусот, 56-годишен маж отишол на миса, по што 53 лица се разболеле. После тоа, од тие 53 лица, 18 од нив го пренеле вирусот на најмалку уште едно лице.

Сопругата и двете деца на верникот, од кој започнало жариштето, исто така се разболеле.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините

Германија и нејзините сојузници работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара