Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Арсовски: СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство

(Видео) Арсовски: СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство
300x250 opst2

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ниту ги негира ниту ги потврдува информациите за тоа дека имаат приближни ставови со ДУИ за влада, како и за тоа дека договориле нешто за премиерското место.

„ ВМРО-ДПМНЕ како што можевте да видите и вчера низ медиумите каде што имав одговор на прашање, работи на формирање на парламентарно мнозинство и информации од непотврдени и неидентификувани извори ниту ги потврдуваме ниту ги демантираме. Гледаме дека СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат политичките партии. Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. Во спротивно на тоа СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже што впрочем не е ништо ново за нив изминативе три години. Така да може слободно да одговорат со кого формирале и детали околу парламентарното мнозинство“ рече Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Синдикатот на културата ја доби тужбата за скратените плати во култура

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на Обвинителство, а клучот е некаде на Бихаќка