Поради временските неприлики и врнежите кои се очекуваат во вечерните часови, концертот на Озџан Улуџан-виолина и Бирсен Улуџан-пијано, од Турција, кој во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ требаше да се одржи во Предворјето на црквата Света Софија се префрла внатре во црквата Света Софија.
„Според дозволата и насоките добиени од Комисијата за заразни болести, протоколот за вечерашниот концерт предвидува гледалиште од 30 места согласно просторот за раздалеченост од два метри, како и строго почитување на сите мерки за заштита, носење маска, дезинфекција на раце и одржување на социјална дистанца за време на влез и излез од црквата. Исто така препораките добиени од Комисијата за заразни болести предвидуваат концертот на турските уметници да се одржи со отворени врати на црквата Света Софија“, соопштија организаторите.
Почетокот на концертот е 21 часот.