Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

(Видео) Во експлозијата во Бејрут загинаа 78 лица, а 4.000 се повредени

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели Кристофер Базби, британски експерт за ефекти на јонизирачко зрачење и научен секретар на Европскиот комитет за ризици од радијација.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд веќе ја спореди експлозијата во градското пристаниште, по која настана и катастрофална „печурка“, со експлозиите од нуклеарните бомби во јапонските градови во 1945 година.

Британскиот експерт има и научна аргументација за таквата споредба. Во пристаништето во Бејрут експлодирале над 2.700 тони шалитра, хемиско соединение кое има слична експлозивна сила како ТНТ.

„Бомбата во Хирошима имаше сила меѓу 10 и 12 килотони ТНТ, според тоа, експлозијата во Либан имаше една третина од силата на бомбата во Хирошима“ вели Базби.

Тој објаснува и дека „печурката“ за време на екплозијата во Бејрут се појавила на сличен начин како што тоа се случува кај нуклеарните бомби.

„ Силниот удар создаде компресивни прстени во водената пареа, како што ќе направи нуклеарната бомба кога ќе експлодира во близина на водената површина“, тврди британскиот научник.

Тој додава дека експлозии на слични хемиски соединенија како во Бејрут се случиле во минатото, но ниту една не била толку силна како оваа во Либан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков