Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Вознемирувачко видео) Свештеник во Бејрут бега од експлозија среде миса

(Вознемирувачко видео) Свештеник во Бејрут бега од експлозија среде миса
300x250 opst2

Во огромната експлозија во Бејрут  загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени се 4.000.

На интернет се појавија бројни снимки кои ја прикажуваат силата на ударот, а на една од нив е прикажана црква чии делови почнале да се уриваат за време на светата миса.

Снимката, која се шири во арапските медиуми, всушност е исечок од преносот во живо на светата миса предводена од либански свештеник. Во еден момент, се гледа како се гасат и палат светилките во црквата, а потоа силен удар ја затресол зградата од која почнале да паѓаат големи парчиња витраж над олтарот.

На снимката, се чини дека едно од големите парчиња стакло го погодило свештеникот, кој по ударот почнал да трча кон излезот. Не е познато дали свештеникот е повреден.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија