Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и граѓаните е лицемерен

СДСМ: Нè очекуваат сериозни предизвици

Односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и граѓаните е лицемерен и затоа остануваат во опозиција, денес слободата на медиумите е загарантирана, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Заев определува кои се објективни медиуми, а кои не.

„Апсење новинари, упади и затворање медиуми, погазување на слободите на граѓаните и неистомисленици, таков беше односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и критичката јавност, цели 11 години. Поради таквиот однос на режимот на ВМРО-ДПМНЕ нашата држава со години беше на дното на Европа по граѓански и новинарски слободи“, пишува во реакцијата.

За разлика од таквото темно минато, велат од СДСМ, денес владее слобода, секој отворено и без страв може да ја критикува власта, но и секој друг политички субјект во државата, а бројни извештаи на меѓународни организации и институции го препознаваат напредокот што Република Северна Македонија го прави во заштита и унапредување на новинарските слободи.

„Тоа ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да може да го разбере, ниту пак да го обезбеди. Нивниот однос кон медиумите, кон граѓаните е лицемерен, потценувачки и затоа остануваат во опозиција и следните 4 години“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт