Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Силно невреме во Црна Гора

(Видео) Силно невреме во Црна Гора
Img 7972

Силно невреме проследено со пороен дожд синоќа го погоди поголемиот дел од Црна Гора, а во Подгорица поплавени се неколку улици и причинета е помала материјална штета, јавија локалните медиуми.

Невремето почнало синоќа после полноќ, а до раните утрински часови имало пороен дожд и силен ветер кој откорнал дрвја и гранки.

 

Doke je bilo struje

Posted by Podgoricki vremeplov on Tuesday, August 4, 2020

Поради невремето, отежнат бил сообраќајот во Подгорица, а некаде е и во целосен прекин.

Метеоролозите за денеска најавија променливо облачно време, а се очекува на места пороен дожд и грмежи, јавија црногорските медиуми.

Вчера и во текот на ноќта силно невреме имаше и во делови од Македонија, Србија и Хрватска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија