Утрински Весник
Култура

Театар Комедија на 60. издание на „Охридско лето“

Театар Комедија на 60. издание на „Охридско лето“

Со претставата „Човек, ѕвер и доблест“ од Л. Пирандело, во режија на реномираниот Егон Савин, НУ Театар Комедија ќе земе учество на годинешново 60. издание на фестивалот ,,Охридско лето“, кој беше отворен синоќа.

Претставата беше премиерно одиграна на сцената на Театар Комедија на 23 декември минатата година, а во неа играат: Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Жаклина Стевковска-Дрнасин, Ева Скендеровска, Тони Денковски и Кристина Ласовска.

Сценографијата е на Весна Поповиќ, костимографијата е на Елена Дончева (со Ивана Каранфиловска-Угуровска како асистент), додека изборот на музика и адаптацијата на текстот се на режисерот Егон Савин.

Инаку, фестивалот „Охридско лето“ како најголема културна манифестација ги презема сите безбедносни мерки за здраствена заштита за реализација на годинешнава јубилејна програма.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“