Фудбалскиот клуб Еспањол побара Ла Лига да го поништи неговото испаѓање во Втората лига. Од клубот оцениле дека неправедни биле условите во кои била завршена сезоната откако таа беше ре-стартирана поради пандемијата со коронавирусот.
Еспањол сезоната 2019/2020 ја заврши на последното место. Кога сезоната беше ре-стартирана Еспањол одигра 11 натпревари, победи на само еден.
„Крајот на сезоната не беше праведен од спортски аспект бидејќи условите не беа еднакви за сите на последните мечеви“, рекле од клубот.
Покрај Еспањол и Депортиво Ла Коруња побараа да биде преиспитана одлуката за нивното испаѓање од Втората во Третата лига.
Ла Коруња не го одигра натпреварот од последното коло против Фунлабрада во чии тим ден пред натпреварот неколку играчи беа заразени со коронавирусот.
Депортиво испаднаа бидејќи нивните директни ривали забележаа победи, а на крајот ниту Фуенлабрада не доби можност да игра бараж за пласман во елитниот ранг на шапнскиот фудбал.
> Еспањол побарале Ла Лига да го поништи нивното испаѓање во Сегунда <