Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба
Img 7972

Од Клиниките за нефрологија и урологија информираат дека двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба. Во петокот, на 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж.

По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.

„ По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во ек на пандемија од ковид-19, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на месец мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, изјави министерот Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја