Утрински Весник
Свет

Маск тврди дека пирамидите ги изградиле вонземјани, Египет реагира

Маск тврди дека пирамидите ги изградиле вонземјани, Египет реагира

Сопственикот на „Тесла“ и „Спејс Икс“ на Твитер објави дека вонземјаните учествувале вo  изградбата на пирамидите и дека тоа е очигледно.

По тој повод реагираше египетскиот министер за меѓународна соработка, Ранија ал-Машат. Таа изјави дека доказ оти пирамидите не биле изградени од вонземјани се откриените гробници на фараоните и египетските владетели за кои се верува дека ги изградиле, пренесува Би-Би-Си.

Како одговор на Маск на Твитер, таа го покани да дојде во Египет.

Експертите тврдат дека гробниците откриени во 90-тите години се дефинитивен доказ дека пирамидите биле изградени од античките Египќани.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелската армија тврди дека елиминирала локален командант на Хамас

Во поплавите во Виетнам за една недела загинаа над 90 луѓе

Во Женева почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина