Утрински Весник
Спорт

Меџик Џонсон со супер-јахта на летување во Хрватска

Меџик Џонсон со супер-јахта на летување во Хрватска

НБА-легендата, Меџик Џонсон се наоѓа на летување во Хрватска, откако заедно со неговото семејство пристигна во Сплит во мега-јахтата „Аквила“ долга дури 86 метри.

Хрватските медиуми објавуват дека 60-годишниот Џонсон крстари низ Јадранот и ќе помине една вечер во Сплит, каде што локалните жители го искористија неговото присуство за да добијат автограм и фотографија од славниот кошаркар.

Џонсон беше дел од славната генерација на Лос Анџелес лејкерс од 1979 до 1991 година, освојувајќи пет НБА титули (1980, 1982, 1985, 1987 и 1988).

> Меџик Џонсон со супер-јахта на летување во Хрватска <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина