Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Mладо момче почина во сообраќајна несреќа кај Кратово

Mладо момче почина во сообраќајна несреќа кај Кратово
300x250 opst2

Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото Крилатица во Кратово.

Во несреќата учествувале возило управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно управувано од М.Д.(29) од селото Талашманци,кратовско.

„Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани