Утрински Весник
Свет
Img 7972

Двајцата астронаути на „Спејс Икс“ денеска треба да се вратат на Земјата

Двајцата астронаути на „Спејс Икс“ денеска треба да се вратат на Земјата
Img 7972

Двајцата астронаути кои слетаа на Меѓународната вселенска станица (ISS) кон крајот на мај користејќи ја капсулата на приватната компанија „Спејс Икс“ на Илон Маск, би требало денеска да се вратат на Земјата ако има временски услови за тоа.

Американските астронаути Боб Бенкен и Даг Харли треба да слетаат попладнево на една од седумте локации во Мексиканскиот Залив или Атлантскиот океан.

„Најтешкиот дел беше лансирањето, но најважно е да се вратиме дома“, рече Бенкен во саботата.

Менаџерот на екипажот на НАСА, Стив Стич, изјави дека слетувањето може да се случи в понеделник, поради ураганот Исајас кој се заканува на Флорида.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина