Во дел од земјите од регионот и денеска беа регистрирани високи бројки на новозаболени од коронавирус.
Рекорден број заразени во Албанија
Во Албанија регистрирани се 120 новозаразени, што е највисока бројка од 9 март. Главно жариште е Тирана, каде има 57 новозаразени. Во изминатите 24 часа починале 4 лица.
Досега во земјата заразени се 5.396 лица, оздравеле 2.961, а починале 161.
Во Косово 236 новозаразени и 10 починати
Во Косово во изминатото деноноќие починале 10 лица кај кои било потврдено присуството на коронавирус, со што бројката на жртви веќе изнесува 236 лица.
Само вчера биле потврдени 224 новозаболени од Ковид-19.
Вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 8.554, оздравеле 4.730, а активно заразени се 3.588 лица.
Србија со 330 новозаразени
Во Србија, во изминатите 24 часа, 9.110 граѓани на Србија биле тестирани за коронавирус, од кои 330 се новозаразени.
Според најновите податоци, на респиратори има 159 пациенти, а уште девет лица починале.
Потврдени 270 нови случаи во Бугарија, починале 10 лица
Девет лица починале и во Бугарија во изминатото деноноќие, а заразени се нови 270. Со тоа, вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на пандемијата веќе изнесува 11.690.