Утрински Весник
Магазин

Меган го загуби спорот со „Мејл он сандеј“, мора да плати 67.000 фунти

Меган го загуби спорот со „Мејл он сандеј“, мора да плати 67.000 фунти
Ss2

Поранешната актерка и војвотка од Сасекс, Меган Маркл (38), го тужеше „Мејл он сандеј“ минатата година за двa текста во печатена форма и три во онлајн-издание поради писмата што му ги испратила на својот татко пред свадбата со принцот Хари (35) во мај 2018 година.

Но, таа го загуби спорот. Меган Маркл треба да плати повеќе од 67.000 фунти судски трошоци бидејќи ја загуби битката против таблоидот „Мејл он сандеј“. Војвотката од Сасекс ги тужела за написот што го објавиле во февруари 2019 година, во кој се содржани делови од писмото што таа му го испратила на својот татко Томас.

Во мај судијата ги отфрлил наводите во тужбата, во која Маркл тврдела дека британските таблоиди го искористиле нејзиниот лош однос со татко ѝ кога не зборувале две години.

Од друга страна, адвокатот на таблоидите се прашува како можела да знае дека таблоидите го искористувале татко ѝ и манипулирале со него ако во тоа време не комуницирале.

Меган истакна дека тие намерно сакале да ја скараат со татко ѝ за да може дополнително да ја омаловажуваат во јавноста затоа што во тоа време не била популарна од неколку причини.

Тоа е интимно писмо што Меган му го испратила на својот татко пред свадбата, а тој на списанијата и на порталите им ги откривал нејзините приватни тајни, фотографии и други информации, но таа верува дека тој бил манипулиран.

Британските медиуми пишуваат дека Меган се согласила да ги плати сите трошоци на 22 јули годинава.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Мирисите што треба да ги избегнувате во собата ако сакате добар сон

Холивудската двојка ја прослави 36-годишнината од бракот: „Најдоброто допрва доаѓа“

Што може да предизвика утринска главоболка?