Утрински Весник
Свет

Вонредна состојба на Флорида – се очекува удар на ураганот Исаја

Вонредна состојба на Флорида – се очекува удар на ураганот Исаја

Гувернерот на државата Флорида, Рон де Сантис, прогласи вонредна состојба за окрузите по должината на атлантскиот брег бидејќи вечерва по локално време се очекува удар на ураганот Исаја.

Според „Ројтерс“, поради вонредната состојба, на Флорида се затворени многубројни амбуланти за тестирање на коронавирусот.

Ураганот Исаја, означен како бура од втора категорија, проследена со ветрови со брзина и до 120 километри на час, го погоди југоситочниот дел од Бахамите, соопшти Националниот центар за следење урагани.

Гувернерот Де Сантис за време на обраќањето до жителите на Флорида изјави дека сите надлежни служби се во целосна подготвеност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот