Утрински Весник
Свет

Болсонаро патува и покрај инфекцијата на белите дробови

Болсонарo го касна ној, бразилскиот претседател ја криеше болката под маска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, го посети јужниот дел од земјата откако ден претходно ѝ откри на јавноста дека зема антибиотици поради инфекцијата на белите дробови.

Болсонаро трипати беше позитивен на коронавирус, но според еден извор, лекарите што се со него на патувањето, не ја поврзуваат инфекцијата на белите дробови со Ковид-19.

Поминувајќи поголем дел од јули во самоизолација во својата резиденција, Болсонаро денеска рече дека неговиот последен тест на коронавирусот е негативен.

Тој во своето неделно обраќање рече дека се чувствува слабо и дека тестовите покажале оти има инфекција.

„Само што дадов крв за испитување. Знаете, вчера бев малку слаб, а ми пронајдоа и мала инфекција. Сега сум на антибиотици. По дваесетина дена во затворено, имам други проблеми, имам инфекција на белите дробови“, изјави Болсонаро.

И неговата сопруга е позитивна на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства