Петре Шилегов и СДСМ ги излажаа скопјани, но и сите кои на било кој начин се поврзани со Универзална сала, изјави на прес-конференција, Ирена Попова, од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред изборите во 2017 година ветуваа дека ќе ја реновираат Универзална сала, во 2018 година Шилегов дури излезе со ветување до Златните славејчиња дека за 2 години истата ќе ја реновира, а тие ќе го прослават својот 50 годишен јубилеј во реновирана сала. И излажа“, рече таа.
Додаде дека Шилегов три дена молчи, дали ја руши Универзална сала и на тоа место сака да направи парк, за само да ја исполни квотата за зеленило кое треба да го има во градската четврт 3 11 за да може во кругот на поранешната фабрика „Треска“ да никнат над 50 згради.
„Дали Шилегов е дел од бизнисот од кој само профитот би изнесувал до 50 милиони евра?! Дали ова е причината тој да си го погази своето предизборно ветување за Универзална сала – симбол на скопјани и споменот на многу скопјани да завршат како урнатина?! Зошто господине Шилегов ги излажавте скопјани и зошто свесно си игравте со нивните чувства и спомени само за да дојдете на власт, а откако седнавте во градоначалничката фотелја ништо суштинско не направивте. А Универзална скапува како руина, затоа што три години ништо не направите. Го тргнавте настрана планот на ВМРО-ДПМНЕ за нејзина реконструкција, а никој не знае каде завршија 30 милиони денари кои ги добивте од владата за нејзина реконструкција минатата година“, додаде Попова.
Нагласи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ останеле на власт на локално ниво во град Скопје, Универзална сала досега ќе биле реновирана и во таа насока го приложи идејното решение за Универзална сала, кое тврди дека сега би било реалност.