Утрински Весник
Економија

Царовска најави санкции за фирмите кои ја злоупотребија државната помош

Царовска најави санкции за фирмите кои ја злоупотребија државната помош

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска истакна дека се разгледуваат правните можности зa санкционирање на фирмите кои ја злоупотребија државната помош.

Царовска порача овие фирми итно да им ги исплатат парите на работниците, бидејќи треба да се покаже одговорност од нивна страна.  Ова е голем пропуст, вели Царовска, и секако дека санкционирање на фирмите ќе се случи.

Во моментов Генералниот секретаријат на Владата ги разгледува правните можности, се покренуваат сите елементи коишто се можни и за тоа јавноста наскоро ќе биде известена, информираше Царовска.

Владата вчера објави список од фирми кои што ја злоупотребиле државната помош.

Дел од фирмите под притисок на јавноста почнале да ги исплаќаат платите за работниците, а синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за сите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за заштита на планините, планинска безбедност и развој на спортот

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот сектор во Македонија е безбеден, а политички банкротираната СДС и антимакедонецот Филипче мораме да ги разочараме

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси